Камбоџа повлекува една од главните туристички атракции

од Elena Daskalova

Властите во Камбоџа биле принудени да донесат нови правила во однос на тоа како се одвиваат посетите на древниот храм Ангкор.

Друштвата за заштита на животните побарале да се воведат рестрикции во врска со превозот на туристи кои јаваат слонови низ древните рушевини. Предлогот бил донесен во јуни, на 15 ноември е одобрен, а се очекува да стапи на сила со самиот почеток на 2020 година.

Во паркот има 14 слонови кои се користат за јавање низ храмот. Се планира дел од нив или пак, сите, да бидат релоцирани во шума каде има соодветни услови за нивниот живот.

Иако слоновите се големи животни, факт е дека и тие се изморуваат и под притисокот од големиот број луѓе кои ги пренесуваат, климатските услови и постојаното движење. Во 2016 еден од слоновите од овој парк угина, што привлече големо медиумско внимание.

Годишно на Ангкор доаѓаат околу 1,8 милиони туристи, а голем дел од нив го користат токму јавањето на слон како начин да го разгледаат древниот храм. Камбоџа очекува оваа забрана да донесе одреден пад на посетителите и да влијае врз туризмот, но приоритет е заштитата на загрозениот азиски слон како вид.

Слични содржини