Камчев ги тужи Боки 13 и Јанева – бара 1.5 милиони евра отштета

од Берта Китинска
308 прегледи

На денешното судско рочиште бизнисменот Орце Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, третоосуден во случајот „Рекет“.

Ова го констатираше судијата Андреј Димовски на денешното рочиште во Граѓанскиот суд, каде Камчев бараше еден милион да му исплатат Бојан Јовановски-Боки 13, Катица Јанева и Милески-Кичеец како и државата.

На списокот со должници кон него, пријавени се и Обвинителството за организиран криминал, поранешното Специјално јавно обвинителство и Републичкото обвинителство.

Слични содржини