Камчев со кривична пријава за Катица и Лазар Јаневи и обвинителката Лиле Стефанова

од Aleksandar Todeski
292 прегледи

Бизнисменот Орце Камчев поднел кривична пријава до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, обвинителката Лиле Стефанова и синот на Јанев, Лазар Јанев, потврдуваат извори од обвинителството.

Оваа кривична пријава утринава стигнала до шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, а во неа е наведено дека групата, на чело со Катица Јанева, а во која членувале Јанев и Стефанова, со цел да го оштетат пријавителот и да се здобијат со имотна корист.

Групата, како што наведува Камчев во пријавата, била создадена во 2018 година, по што обвинителката Лиле Стефанова, која е второпријавена ги зела предметите кои и ги дала Катица Јанева, односно првопријавената и според пријавата, лидер на групата.

Лазар Јанев пак, според пријавата, заедно со неговата мајка се стекнал со значителна имотна корист, а оштетен бил Јордан Камчев и фирмите во кои тој е управувачки поврзан.

Катица Јанева на 3 декември ќе седне на другата страна од судската сала, како обвинета во случајот „Рекет“, каде заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски се теретат дека му зеле на Камчев 1,5 милиони евра за да го ослободат од случајот „Империја“, кој пак го води обвинителката Лиле Стефанова.

Слични содржини