296
Граѓаните кои се насобрани пред Собранието на РСМ, кои протестираат против прифаќањето на францускиот предлог за кревање на ветото за старт на преговори со ЕУ, почнаа да фрлаат со камења, јајца и други предмети кон собраниската зграда.
По овие инциденти, се засилуваат полициските сили на лице место.
Јајца фрлаат само група момчиња, додека останатите демонстранти мирно ги следат.
Сето ова се случуваше заедно со говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред пратениците.