На социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како американска противтенковска ракета, на само стотина метри пред контактот со руски тенк Т-71 на којшто е испукана, погодува птица во лет, јави Авиа.Про.
Снимката е направена најверојатно за време на воените маневри на САД во Полска, а експертите посочуваат дека веројатноста за наведената ракета случајно да удри во птица при летот е практично нула.
Во вистинска борбена ситуација, таквата случајност не само што ќе го спаси тенкот од уништување, туку и животот на тенкистот, но ќе му даде и можност на екипажот на тенкот прецизно да возврати на огнот и да ги неутрализира и ракетниот-фрлач и неговата екипа.
US BGM71 TOW intercepted by …Bird pic.twitter.com/P4w57K3DiZ
— Last Defender (@LastDef) April 30, 2020