323
Полицијата од Мичиген објави видео на кое може да се види како двегодишно дете за малку ќе се удавеше во хотелски базен во кој во моментот имаше десетина возрасни и деца.
Детето беше извлечено од дното на базенот откако го забележало момче, а две медицински сестри кои што биле во близина навремено реагирале и успеале да го спасат неговиот живот.
Полицијата објави снимка од инцидентот за да ги потсети родителите секогаш да внимаваат на своите деца, посебно кога се во близина на вода.