Камерон Дијаз го очекува своето прво дете

од Vladimir Zorba
289 прегледи

45-годишната актерка Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг, Бенџи Меден го очекуваат своето прво дете. Тие со години се обидувале да станат родители, но тоа не се случувало.

Дијаз преживувала тешки моменти кога мислела дека нема да стане мајка.

Но, сега нејзиниот сон се остварил. Три години по свадбата со Бенџи, Камерон го очекува своето прво дете.

38-годишниот Меден беше бил среќен. Двајцата се чувствувале благословени.

Според „In Touch“, двојката разговарала и за други опции како сурогат мајка и посвојување. Но, во еден момент работите едноставно се оствариле.

Поранешната манекенка е заедно со гитаристот Бенџи Меден од јануари 2015 година.

Слични содржини