Камерон Дијаз го очекува своето прво дете. Среќната вест сè уште не е потврдена од актерката, но според информациите во светските медиуми, таа и нејзиниот сопруг веќе се подготвуваат да го пречекаат својот наследник.
„Уживам во најсреќното време од мојот живот!“, рече ѕвездата на Ангелите на Чарли.
46-годишната актерка долго време сакаше да стане мајка. Таа и Бенџи Маден се обидуваат од 2015 година, но досега не споделија која е вистинската причина поради тоа што бебето се чека толку долго.
Според познаниците, парот го обезбедува својот дом и е многу возбуден поради првото бебе.
Камерон Дијаз го направи својот последен филм во 2014 година. Потоа, таа објави дека ѝ е потребна долга пауза за да помине повеќе време со семејството. Подоцна стана јасно дека русокосата убавица се откажува од глумата.