Камерон Дијаз

Актерката Камерон Дијаз го изненади светот на самиот почеток на 2020 година, бидејќи таа и нејзиниот сопруг, рокерот Бенџ Маден, станале родители.

Иако неколку пати во медиумите одекнуваше веста дека актерката е бремена, таа секогаш ги демантираше, а и рекла дека не сака деца.

Меѓутоа, изгледа дека се предомислила, па се огласила преку порака во која навела дека нивното семејство добило нов член.

„Среќна Нова година. Толку сме среќни, благодарни и благословени на почетокот на новата деценија – добивме ќерка Редикс Мејден. Веднаш ги освои нашите срца и ја надополни нашата фамилија. Додека сме превозвудени да ја споделиме оваа вест со вас, исто така ве молиме да имате разбирање за приватноста на нашата малечка. Така што нема да објавиме фотографии и споделуваме повеќе детали, освен фактот дека е многу, многу слата“, навеле во пораката.

Слични содржини