Камерон Дијаз откри зошто престана да глуми (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Екс холивудската ѕвезда Камерон Дијаз ги откри причините зошто се повлече од филмската индустрија, велејќи дека нашла мир кога престанала да глуми.

47-годишната Дијаз беше гостинка на подкастот на Гвинет Палтроу „In goop Health: The Sessions“ и разговараше со актерката за нејзиниот бизнис со вино, за тоа како менталитетот се менува со стареењето, како и влијанието на нејзината кариера врз нејзиниот квалитет на живот и врски.

„Решив дека сакав нешто поразлично од животот“, рече Дијаз, додавајќи дека работела долго и напорно за правење филмови, но и како тоа ја уништило. „Не ми остана простор за личен живот“, вели таа.

Кога Палтроу ја праша како се чувствува откако ја остави успешната актерска кариера, Дијаз рече дека „нашлае мир во нејзината душа“. „Конечно се грижев за себе си“.

Поранешната актерка изјави дека решила навистина да се фокусира на нејзините односи со семејството и пријателите откако многу години им ја предала контролата на одредени аспекти од нејзиниот живот на другите луѓе.

„Кога снимате филм, тоа е совршен изговор – тие ве поседуваат. Вие сте таму 12 часа на ден со месеци и немате време за ништо друго“, рече таа.

„Актерите се инфантилизирани. Ние сме ставени во позиција каде за сè што ни треба се грижат други“.

Дијаз рече дека никогаш не се чувствувала пријатно со таков живот и дека морала да преземе одговорност по пензионирањето. Таа вели дека одлучила да стане независна и докажала дека може да се грижи за себе како возрасна личност.

Слични содржини