Според последните податоци на ДИК, во Скопје копјата во вториот круг ќе се кршат меѓу Данела Арсовска и Петре Шилегов.
Кандидатот на Левица, преку Фејсбук упати благодарност на сите кои му дадоа поддршка.
„Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори. Во благодарам за поддршката и за искрените намери. Нека победи подобрата или подобриот“, напшиша на фејсбук Камиказа.
Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска има предност пред Петре Шилегов по 82% од пребројаните гласови, соопшти ДИК.
Арсовска има во моментов 37.28%, додека Шилегов 34.96%, и извесно е дека таму ќе има втор круг.На третото место е Петар Георгиевски од Левица со 8.58% од гласовите.
ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови на Советот на Град Скопје (33.91%), СДСМ 22.39, ДУИ 13.17%, Левица 8.38%.