Пандемијата веќе ја губи силата, при што се забележува значителен пад на бројот на заразени. Според епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во Скопје – 1354, по што следуваат Прилеп – 136, Битола – 126, Куманово – 113, Велес – 100. Во другите градови има под 100 активни случаи, а во Пехчево и Дојран по еден случај.
Вчера, беа регистрирани нови 124 случаи со Ковид-19 од направени 1.209 тестови или 10 отсто. Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции. Починати се седум лица, меѓу кои и 36-годишен пациент. Кај сите починати лица регистрирани се коморбидитети.
Над 1.500 лица за два дена се вакцинирани со прва и трета доза во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, информираше вчера Министерството за здравство.
Преку СМС пораки, како што посочуваат, ги повикуваат лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои сè уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определен термин и пункт, закажани преку „МојТермин“.