И додека Груевски си прави и тој камп пред Собрание, кој знае зошто, многу граѓани синоќа дојдоа да ги посетат и да им дадат поддршка на луѓето што кампуваат пред Владата, барајќи оставка на политичкиот врв.На камперите им се придружи и потпретседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска која ја помина ноќта пред Владата.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев не можеше да остане бидејќи денеска патува на преговори во Стразбур.
Останува дилемата кој спиеше пред Парламентот во контра кампот !? Не е познато дали Груевски или Мијалоков, Горде, можеби Миле преспале во нивниот контракамп. Можеби и нема дилема, “Заев и СДСМ се опозиционери, и ги личи тркалање по земја, шатори, а Груевски е власт, тој не ти седнува во обичен мерцедес сака екстра со масажи и луксуз, па ќе ти спие во шатор“, велат протестантите од шаторите.