Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан, побарал од играчите на тимот да реагираат во Лигата на шампионите против Ред Бул Салцбург по „неприфатливиот“ пораз од Бохум со 2-4 во Бундеслигата, јави ДПА.
„Убеден сум дека играчите знаат дека ваквото прво полувреме во Бохум е неприфатливо. Бевме многу далеку од нашите можности“, изјави тој за новинарите.
Баерн патува во Салцбург на нивниот натпревар в среда.
„Понекогаш е добро што можеш да играш само неколку дена подоцна и брзо да го заборавиш тој резултат“, изјави поранешниот голман на Баварците.
Тој потсети дека тимот имал забележителна реакција по тешкиот пораз од Борусија (Менхенгладбах) во октомври во Купот на Германија.
„Покажавме вистинска реакција по поразот со 0:5 и остваривме чиста победа на следниот натпревар. Мислам дека ќе биде сличен случај и сега“, се надева Кан.
Не мисли дека тимот има психолошки проблем, но смета дека на одбраната на тимот на Џулијан Нагелсман му треба повеќе работа.
„Кога ќе изгубите многу, луѓето веднаш почнуваат да зборуваат за проблем со менталното здравје. Мислам дека во однос на одбраната, не само оваа сезона, туку во последните неколку ни недостасува нешто во движењето и работата со топката. И ние дозволуваме многу голови. Мораме да почнеме од тоа. Мора да работиме со поголема дисциплина и повеќе страст. Во спротивно, нашите грешки, особено во Европа, ќе бидат безмилосно казнети“, изјави Оливер Кан.