Оливер Кан: Во моментов има само еден тим кој е посилен од Баерн

од Симе Стоиков

Поранешниот легендарен голман на Баерн, Оливер Кан даде интервју во кое изјави дека има само еден тим во светот со поквалитетни играчи од германскиот гигант.

Лигата на шампионите влегува во самиот крај. Во вторник ги дознавме првите полуфиналисти и тоа се ПСЖ и Борусија Дортмунд кои ги елиминираа шпанските клубови Барселона и Атлетико Мадрид. Честа на Ла Лига ќе ја брани Реал Мадрид, кој вечерва во Манчестер против Сити го игра реваншот од четвртфиналето, откако првиот дуел во Мадрид заврши со резултат 3:3.

Германците би можеле да имаат двајца учесници во полуфиналето доколку Баерн вечерва на Алијанц-арена го исфрли Арсенал. Првиот дуел меѓу овие екипи одигран во Лондон заврши со резултат 2:2.

Кан пред овој натпревар ги анализираше актуелните тимови во Лигата на шампионите и изјави дека само една екипа во светот моментално има подобри играчи од Баерн.

„Освен Манчестер Сити, ниту еден тим во моментов нема подобар ростер од Баерн“.

Слични содржини