Кан за Левандовски: Не сме луди да разговараме за трансфер на играч кој постигнува по 30-40 гола секоја сезона

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Извршниот директор на Баерн (Минхен), Оливер Кан ја коментираше ситуацијата со две од ѕвездите на тимот – полскиот напаѓач Роберт Левандовски и „детето“ на Баварците – Томас Милер. Левандовски медиумите се повеќе го поврзуваат со трансфер во Барселона на лето, бидејќи договорот на Полјакот со тимот од Минхен истекува во 2023 година. Ситуацијата е слична на Милер, чиј договор со клубот исто така истекува во јуни 2023 година.

„Имаме договор со Роберт. Секогаш сме велеле дека ќе почнеме разговори. Го направивме тоа одамна. Тој ќе остане со нас. Роберт знае што се случува со Баерн. Знаеме што имаме со него“, сподели Кан и додаде: „Сигурно ќе го имаме со нас уште една сезона. Не сме луди да разговараме за трансфер на играч кој секоја сезона дава по 30-40 гола“.

Легендарниот голман се осврна и на темата за Милер. „Ние сме во разговори со Томас Милер. Дискусиите се многу позитивни. Ако имаме нешто да споделиме, ќе го направиме тоа“.

Покрај Левандовски и офанзивниот играч за врска Милер, со договор кој истекува во 2023 година е уште една ѕвезда на Баварците – голманот Мануел Нојер.

Слични содржини