Кан забрани носење буркини на плажа

од desk3
112 прегледи

Францускиот град Кан забрани одење на плажа во буркини, костим за капење кои го покрива целото тело, соопштија локалните власти.

burkini

Градоначалникот Давид Лиснард ја потпишал одлуката во која се наведува дека пристапот на плажите им се забранува на сите кои не носат костим за капење и кои не ги почитуваат добрите обичаи и секуларноста, што е еден од основните принципи на Републиката.

„Носење костим за капење кој прикажува верска припадност, во момент кога Франција и светилиштата се мета на терористички напади, може да доведе до нарушување на јавниот ред и треба да се спречи“, се наведува во одлуката.

Градскиот претставник, Тијери Могул рече дека градските власти не забрануваат носење на верски обележја на плажа, но оти „облека која симболизира посветеност на терористичките движена“ е неприфатлива.

Безбедносните мерки во Франција се подигнати на највисоко ниво после серијата терористички напади.

 

META