198
Пилотот на мал авион „Пајпер Чироки“ слета на автопат кај Квебек Сити, Канада, иако во моментот кога атерирал имало значителен број автомобили, јавува канадскиот „Си-Би-Си“.
Пилотот на „Пајперот“ ги повикал пожарникарите во Квебек Сити и им рекол дека ќе слета на автопатот на неколку милји од локалниот аеродром.
„Прв пат гледам авион да слетува на автопатот … Освен во филмовите“, рече Жан-Пол Дост, кој ја гледал спектакуларната сцена од блискиот паркинг.
Авионот принудно слетал заради дефект, а на автопатот имало десетици возила, но никој не е повреден.
https://www.youtube.com/watch?v=oDSxIDMpdKY&feature=emb_title