Канадската влада објави дека ќе ги штити правата на патниците во воздушниот транспорт од двојната продажба на места во авионите од авиокомпаниите.
Оваа заштита би требало да спречи во Канада да се повторат инциденти како овој со летот на американската авиокомпанија “Јунајтед ерлајнс”, која симна патник од авионот насила, откако тој одби да го ослободи доброволно местото продадено два пати од превозникот.
Барањето беше направено во вторникот од страна на министерот за транспорт Марк Гарно. Владата на Џастин Трудо ќе предложи закон за “Повелба на правата на патниците”, која се применува во случај на супепродажби.
“Не сакам никогаш повеќе да го гледам тоа во Канада”, најави тој на прес-конференција.
Снимената сцена со симнувањето на патникот од авионот на “Јунајтед Ерлајнс” (United Airlines) ги разнесе социјалните мрежи и го натера извршниот директор на авиокомпанијата да се извинува, но не и на соборениот патник кој се покажа како државјанин на Кина. Во моментов тој е во болница во Чикаго.
За повелбата се проговори во ноември 2016 година. Таа повторно е на дневен ред по инцидентот што се случил во САД. Канадската повелба треба да стапи во сила во 2018 година, посочи министерот.