Канада ќе произведува вакцина против коронавирус

од Nikola Popovski
291 прегледи

Канадскиот премиер Џастин Трудо денес објави дека Канада потпишала пробен договор со американската компанија Новакс за правење вакцини во Монтреал.

„Многу е јасно дека Канада ќе го развие домашното производство. Што и да се случи во иднина, ќе го имаме нашето производство, со сите партнерства и договори што ги потпишавме со компании ширум светот“, вели Трудо.

Тој посочи дека е исклучително важно Канада да биде независна во производството на вакцината.

Новакс сè уште спроведува клинички испитувања на вакцината, но во петокот ја достави целата потребна документација до Канада.

Канада се обврза да купи 52 милиони дози вакцина од Новакс откако ќе биде тестирана и одобрена.

Одобрувањето на оваа вакцина не се очекува во следните неколку недели, а производството не се очекува пред есен, што ја остава Канада во сериозен недостиг на вакцини.

Фајзер/Бионтек и Модерна, засега се единствените одобрени вакцини во Канада.

Канада не се обиде да добие вакцини од САД, откако администрацијата на Трамп рече дека нема да дозволи извоз на вакцини.

Точките за масовна вакцинација во Канада се подготвени, но тие остануваат празни поради недостаток на вакцини.

Слични содржини