Канада одобри вакцинација на деца на возраст од 5 до 11 години

од Берта Китинска
213 прегледи

Канада денеска ја одобри вакцинацијата на децата на возраст од 5 до 11 години со вакцината Фајзер, со што се создаде можност за имунизација на децата од основните училишта низ целата земја.

Надлежните во претходните недели нагласија дека ваквата одлука ќе биде од корист за државата, оценувајќи дека инциденцата е најголема кај децата под 12-годишна возраст.

„По детален и независен научен преглед на доказите, Министерството за здравство одлучи дека придобивките од вакцината за деца на возраст меѓу 5 и 11 години ги надминуваат ризиците“, се вели во соопштението на канадската здравствена служба, пренесе Ројтерс.

Премиерот Џастин Трудо минатиот месец рече дека Отава постигнала договор со Фајзер брзо да добие 2,9 милиони дози Фајзер, кога ќе биде одобрена имунизацијата на помалите деца.

Слични содржини