Канада одвои 23 милиони евра за помош на Украина

од Nikola Popovski

Канада ќе придонесе со 23 милиони евра во партнерството предводено од Британија, чија цел е купување опрема за противвоздушна одбрана за Украина за да ѝ помогне да се одбрани од руски ракетни и напади со беспилотни летала, изјави канадскиот министер за одбрана Бил Блер, пренесуват западните агенции.

Блер најавил дека оваа сума е дел од воената помош за Киев во вкупна вредност од околу 469 милиони евра, која канадскиот премиер Џастин Трудо ја објави во јуни.

Партнерството за помош, кое ги вклучува и САД, Холандија и Данска, се обидува да купи стотици проектили за системи за противвоздушна одбрана со краток до среден дострел.

Од почетокот на војната во Украина, Канада донираше повеќе од осум милијарди канадски долари помош, вклучително и околу 1,8 милијарди канадски долари воена помош.

Слични содржини