Канада: Во пресметка меѓу полицијата и киднапер убиено едногодишно дете

од Stefanija Kuzmanovska

Едногодишно дете беше убиено во инцидент во кој полицијата отвори оган кон камионот на човек осомничен за киднапирање.

Сè уште не е потврдено дали момчето било убиено со куршуми испукани од полицијата.

„Премногу е рано да се знае точно зошто полицијата пукала во возилото и што точно се случило после тоа“, изјави портпаролката на полицијата, Моника Худон.

Во четвртокот наутро, полициската станица во општината Каварта Лејкс во Онтарио добила пријава за можно семејно насилство и сомневање дека таткото го киднапирал детето.

Локален жител за локалните медиуми изјавил дека жена, нејзиниот син и терапевтот тропнале на неговата врата, барајќи засолниште.

„Некои луѓе дојдоа во куќата и побараа засолниште. Тие зборуваа за тоа дека таткото побегнал со детето”, рече Том Дечисио.

Полицијата наскоро го лоцирала возилото на таткото. Откако се обиделе да го запрат, дошло до судир меѓу полициски автомобил, камионетот и друго возило. За време на тој инцидент, камионетот удрил и повредил полицаец кој стоел во близина на полициското возило.

Во тој момент, тројца полицајци пукале кон возилото. За време на пукањето, детето седело на задното седиште во камионетот.

„Едногодишното момче беше во камионот. Беше ранет за време на инцидентот и беше прогласен за мртов на местото на настанот”, соопшти полицијата.

Полициските службеници пукале и во 33-годишниот татко на детето, па тој бил пренесен во болницата „во сериозна состојба“.

Слични содржини