Канадска „Магна“ отвара втора фабрика во земјава, нови 600 работни места

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Нови 600 работни места ќе бидат отворени за околу една година со новата инвестиција на канадската компанија „Магна“, која по отворањето на фабриката во Струга, денеска официјално го означи почетокот на својата втора инвестиција во Штип.

Според премиерот Димитар Ковачевски, денешниот настан е доказ дека во земјава има поволна бизнис клима за привлекување на странски инвестиции и за развој на постоечките странски инвестиции.

Доаѓањето на познати странски компании, како што рече Ковачевски, значи повисок инвестициски рејтинг на државата, отворање на нови и подобро платени работни места и можности за докажување на стручноста на нашите граѓани.

Потпретседателот на „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи рече дека втората нивна фабрика во земјава претставува уште една одредница на нивното патување кон проширување на нивната работа и способности во регионот, како и поддршка на клиентите со иновативни производи од светска класа.

– Благодарни сме за поддршката што ни ја дава Владата и остануваме посветени на истражување дополнителни можности за раст, рече Креспи.

Слични содржини