Канадската армија во готовност (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Канадската армија е во состојба на готовност да им помогне при евакуација на жителите на провинцијата Британска Колумбија, погодена од бројни шумски пожари.

Канадскиот министер за одбрана Харџит Сајан за време на брифингот со новинарите потврди дека 350 припадници на вооружените сили и воените авиони подготвени чекаат да обезбедат помош за загрозените области на западот на земјата, пренесува Би-Би-Си.

Властите потврдија дека се обидуваат да спречат повеќе од 170 шумски пожари предизвикани од удари на гром и екстремно високи температури, а во изминатите три дена е потврдено дека бројот на удари на гром во пацифичкиот дел на Канада е зголемен скоро сто пати во споредба со истиот период минатата година.

Провинцијата Британска Колумбија исто така се соочува со невиден топлотен бран кој досега предизвика 719 смртни случаи, три пати повеќе од просекот за истиот период од годината, беше потврдено од провинциската служба за судска медицина.

За време на топлотниот бран, во градот Литон беше срушен канадски рекорд стар над 80 години со температура од 49,6 степени, Литон беше целосно уништен во пожар, а две лица го загубија животот.

Слични содржини