Канадскиот министер за енергија го предупреди Трамп на трговска војна поради нафтата

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Канадскиот министер за енергија, Џонатан Вилкинсон денеска ги отфрли тврдењата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека на САД не им треба ништо од Канада и предупреди на потенцијални одмазднички трговски мерки од Отава, вклучително и извозни даноци на нафта.

Одговарајќи на изјавите на Трамп дека постои можност за зголемување на царините до 25 отсто, Вилкинсон рече дека САД немаат лесно достапна алтернатива за канадската сурова нафта, ураниум, поташа и други критични минерали, пишува „Блумберг“.

„Поголемиот дел од суровата нафта произведена во САД е лесно слатка нафта. Рафинериите во средниот запад (САД) се формирани за тешка сурова нафта и немаат алтернатива за користење на канадските ресурси – тоа не е економично. Дури и алтернативата што постои за некои од заливските рафинерии за тешка нафта, тоа е Венецуела“, заклучи Вилкинсон, еден од кандидатите да го замени премиерот во заминување Џастин Трудо.

Слични содржини