Канадскиот премиер во самоизолација, неговата сопруга е позитивна на коронавирусот

399 прегледи

Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо е позитивна на коронавирусот, соопштиле од неговата канцеларија синоќа.

Оттаму навеле дека Софи Трудо се чувствува добро и ќе остане во изолација.

– Здравствената состојба на премиерот е добра и нема никакви симптоми. Со цел на превенција и по советите на докторот, тој ќе биде во изолација во период од 14 дена – додале.

Од канцеларијата на премиоерот, по совет на докторите, известиле дека премиерот ќе продолжи со секојдневните активности, истовремено вршејќи самонадгледување, бидејќи тој лично нема никакви симптоми.

Исто така, по совет на докторите, тој нема да виде тестиран во оваа фаза бидејќи нема никакви симптоми. Од таа причина, докторите тврдат дека нема ризик за оние кои неодамна биле во контакт со него, се вели во соопштението.

Неговата сопруга, денеска објавила соопштние во кое се заблагодарува на оние кои ја контактирале.

– Иако чувствувам непријатни симптоми на вирусот, наскоро ќе застанам на нозе. Да се биде во домашен карантин не е ништо во споредба со она што канадските семејства го преживуваат и минуваат низ ова и со оние кои се соочуваат со многу посериозни здравствени грижи – соопштила Софи.

Парот има три деца, но Софи е единствениот член на семјството со симптоми на вирусот.

Слични содржини