Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со младото момче Никола Недељковиќ (20) од Белград, кој пред два дена беше ослободен од затворот во Приштина, каде што помина шест месеци.
„Пред се, ти благодарам Никола, и на вас Слободанка и Драгомир што денес сте со синот. Никола, тие најмногу те чекаа“, рече Вучиќ.
Претседателот го прашал момчето како се држи и додал дека знае дека не е виновен за ништо.
„Како и многу други наши деца, отиде на Газиместан на Видовдан. Сакаа да скршат млад човек само затоа што е Србин“, рекол Вучиќ, додавајќи дека се обиделе да помогнат.
На Никола му порача и дека е важно да остане со ладна глава.
Вучиќ му понудил на Недељковиќ работа во министерството за информатички технологии или во Канцеларијата за Косово.
„Дали сакаш да работиш во канцеларијата или во министерството?“, праша Вучиќ, на што Недељковиќ одговори дека повеќе би сакал да им помогне на граѓаните на Косово.
На приемот на Вучиќ дошол со родителите и сестрата.
Недељковиќ беше уапсен на Видовдан од косовската полиција на Газиместан, а на почетокот на септември беше осуден на осум месеци затвор за наводно поттикнување етничка омраза и нетрпеливост, по што помина два месеца во притвор.
На почетокот на декември, Апелацискиот суд во Приштина му ја намали казната на Недељковиќ, па тој пред два дена беше ослободен.