Канческа-Милевска: Никој не ми понуди пари!

од desk4
112 прегледи

Ако некој го следел  во континуитет мојот говорот во парламентот  ќе сфател дека јас во оваа фаза ќе дадам поддршка, рече Канческа-Милевска.

Поранешната министерка, а актуелна пратеничка од опозицијата Елизабета Канческа-Милевска во нејзиното вечерашно гостување во емисијата 360 Степени на Алсат ТВ рече дека со никој не се договарала околу гласањето во парламентот, како и дека никој не и понудил поткуп.

– Со никој претходно не сум се договарала. Можев да се доведам во собраниската сала јас да бидам единствена која би гласала „за“. Можеше да се случи и тоа. Јас сум размислувала за тоа и пред мене сум чиста. Ги отфрлам тврдењата дека постоел поткуп, дека имало некакво договарање – рече Канческа-Милевска отфрлајќи ги и наводите дека нејзиниот глас е и поради обвинението против неа во случајот „Тендери“ на СЈО.

– Многу од колеги размислуваат како што размислувам јас. Тој став не го изградив од вечерта за вечерта. Го изградив врз сеопфатна анализа, вклучувајќи ги грешките на партијата, на власта, на нас како функционери и претходни и сегашни.