Кандидат за градоначалник на Аеродром напушти дебатна емисија, му ги исекле гумите од автомобилот

од Nikola Popovski

Кандидатот за градоначалник на општина Aеродром од партијата ТМРО, Миле Петковски вечерва ја напуштил дебатната емисија „24 анализа“, поради денешен инцидент, во кој му биле исечени гумите од автомобилот.

-Во знак на револт ќе ја напуштам вашата емисија. Ви благодарам за поканата, им посакувам успех на кандидатите. Се уште не можам да се соземам и сакам да бидам дома со семејството. Не можам што се случува. Не верував дека такви ниски удари можат да се даваат кај нас. Се надевам дека ќе се дознае кој е, по што ќе објавам јавно, рече Петковски и го прикажа тоа на неговиот мобилен телефон.

-Доколку навистина ова е закана за мене и мојата фамилија и претставувам проблем за нашата општина, тогаш навистина би се откажал од трката и функцијата, потенцира Петковски.

Слични содржини