По сеопфатна анализа и проверка на наводите во доставените поднесоци и пријави, Комисијата за следење на евентуални нерегуларности на изборите и основните јавни обвинителства кои постапуваа по нив итно и неодложно, утврдија постоење на елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност во мал дел од добиените поднесоци и пријави. По нив се оформени предмети во соодветните основни јавни обвинителства и интензивно се прибираат материјални и вербални докази. По нивното разгледување и анализа, надлежните обвинители ќе донесат и соодетни јавнообвинителски одлуки за натамошно постапување.
Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет против едно лице за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ од Кривичниот законик. Осомничениот на избирачко место во с. Октиси го искинал своето гласачко ливче. Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.
Во гостиварското обвинителство се прибираат материјални и вербални докази во оформен предмет за сторено кривично дело „Повредна на тајноста на гласањето“. На избирачко место во Гостивар гласач го сликал своето гласачко ливче, по што бил забележан од членовите на Избирачкиот одбор и делото било пријавено. Обвинителството издаде насоки за утврдување на факти во предметот.
Тетовското обвинителство презема дејствија во врска со пријавен настан по кој е оформен предмет против едно лице за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“. Поткупот го вршел кадидат за градоначалник со бекатон плочки.
Комисијата за следење на изборни нерегуларности во континуитет ќе ја координира работата на основите јавни обвинителства се до завршување на изборниот процес за локалните избори.