Кание Вест ѝ подари на својата сопруга Ким Кардашијан стан за 14 милиони долари за Божиќ. Сепак, семејството не е задоволно со нивното купување и имотот повторно е на пазарот.
Станот бил изненадување за риалити ѕвездата, но таа била револтирана од цената, иако се наоѓа во елитниот кварт во Мајами и го натерала да го пушти во продажба. Кание сакал да се обиде да побегне од договорот за купување, со образложение дека местото ги правело цел на папараците.
Запознаени со ситуацијата велат дека тоа е сосема неосновано, бидејќи во преговорите за имотот тој знаел дека е следен од папараците и дека локацијата на идниот негов дом веќе е јавна тајна.
Портпаролот на Вест ја коментираше ситуацијата на следниов начин: “Ниту една од шпекулациите не е вистина. Ким и Кание заедно го погледнале имотот откако ѝ бил подарен за Божиќ и одлучиле дека местото нема да им дозволи да имаат приватен простор и ќе бидат изложени на големо папарациско внимание. Сега тие бараат дом за одмор за да им дадат поголема приватност “.