Канје ги спореди Ким и кралицата Елизабета, а потоа им испрати порака на Британците

од Stefanija Kuzmanovska

Додека цела Велика Британија тагува за смртта на кралицата Елизабета Втора, Канје Вест им стави до знаење дека сочувствува со нив на посебен начин.

Тој на своето Инстаграм стори му се обрати на цел Лондон и истакна дека знае како се чувствуваат луѓето таму.

Интересно е како тој истовремено ја споредил кралицата Елизабета со Ким Кардашијан од која се разведе и во тој момент се чувствувал како да ја изгубил „својата кралица“.

„Лондон, знам како се чувствуваш, и јас ја изгубив мојата кралица“, напиша раперот.

Слични содржини