Канје Вест ги отследи Ким и останатите Кардашијан од Твитер

од Stefanija Kuzmanovska

По емитувањето на последната епизода од реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, и откако ја потврди врската со Ирина Шајк, контроверзниот рапер Канје Вест од Твитер ги отследи својата сопруга Ким Кардашијан и нејзините сестри.

Иако Ким, Кортни и Клои му го честитаа роденденот на социјалните мрежи на почетокот на неделата – Канје ги отследи сите.

Ким во роденденската честитка напиша дека „ќе го сака до крајот на животот“, а за неговата врска со Ирина, која наводно трае неколку месеци, знаела уште од самиот почеток.

Кога станува збор за Инстаграм, Канје таму нема објавено ништо од ноември минатата година, а единствената личност што ја следи е Ким Кардашијан.

Слични содржини