Португалскиот дефанзивец Жоао Кансело (27) го продолжи договорот со Манчестер Сити на две години, односно до летото 2027 година, објавија британските медиуми.
Кансело дојде во Сити од Јувентус во 2019 година и одигра 106 натпревари и освои една титула во Премиер лигата и два Лига купа со клубот.
Сезонава постигна три гола и запиша осум асистенции на 30 настапи во сите натпреварувања.
– Исклучително сум среќен што го продолжив договорот, бидејќи нема подобро место за играње фудбал. Фудбалерите на Сити имаат се што им е потребно за да го искористат својот целосен потенцијал. Имаме одлична инфраструктура, играчи од светска класа и тренер кој не води секој ден да бидеме подобри. Задоволство е да се работи овде. Имам многу цели кои сакам да ги постигнам до крајот на кариерата, а Манчестер Сити ми нуди најголеми шанси да ги остварам моите амбиции – изјави Кансело.