Капитенската лента на Роналдо надмина 100.000.000 динари

од Nikola Popovski
263 прегледи

Капитенската лента што Кристијано Роналдо ја фрли по мечот со српската репрезентација достигна цена од 100.000.000 (сто милиони) динари.

Лентата на капитенот на Португалија беше прикачена на порталот „Лимундо“ во вторникот наутро со почетна цена од 1.000 динари, но по само неколку часа достигна милион.

Потоа дојде вртоглавиот раст. Имено, од три милиони колку што беше цената нешто пред 21 часот, за нешто повеќе од час и половина тоа двојно се зголемила на шест милиони, потоа нешто пред полноќ понудата се зголемила на 25 милиони, а границата од 100 милиони динари била соборена девет минути по полноќ.

Од тој момент, понудата се зголемила на 101 милиони динари.

За потсетување, лентата била ставена на аукција во соработка помеѓу телевизијата Спорт клуб и хуманитарната организација „Заедно за живот“ со цел да се соберат средства за лекување на шестмесечниот Гаврил Ѓурѓевиќ од Крагуевац, кој боледува од мускулна ‘рбетна атрофија и потребни му се два и пол милиони евра.

Аукцијата била отпочната на порталот Лимундо, на неа можете да пристапите преку овој линк, а доколку сакате, можете да му помогнете на малиот Гаврил на еден од следниве начини:

Со испраќање на СМС порака: Внесете 973 и испратете СМС на 3030

Со испраќање СМС порака од Швајцарија: Внесете human973 и испратете СМС на 455

Со уплата на сметка во динарска противредност: 160-6000000844014-95

Со уплата на девизна сметка: 160600000084402853

ИБАН: RS35160600000084402853

SWIFT / BIC: DBDBRSBG

Слични содржини