„Капото“ на еден од најголемите балкански криминални кланови пронајден мртов во ќелијата во затвор во Перу

акшиќ, водач на „Група Америка“ служеше 25-годишна затворска казна во „Немезис“, најстрого чуваниот затвор во Перу.

од desk2
27 прегледи

Еден од шефовите на „Група Америка“, најдолговечниот криминален клан на Балканот, е пронајден мртов во својата ќелија во затвор во Перу.

Како што јавува перуанскиот онлајн-медиум „La Republica“, обвинителството и полицијата работат на истражување на причините за смртта на Зоран Јакшиќ, во чија криминална биографија се вклучени и создавање на една од најголемите мрежи за шверцување кокаин од Јужна Америка во Европа, користење повеќе од 40 лажни идентитети и три обида за бегство од затвор.

Јакшиќ, водач на „Група Америка“ служеше 25-годишна затворска казна во „Немезис“, најстрого чуваниот затвор во Перу. Бил пронајден мртов при редовна контрола на ќелиите. Тој повеќе од три децении шверцуваше кокаин.

Слични содржини