Карабах: Примирјето се почитува, 1.200 бегалци се вратија дома

од Stefanija Kuzmanovska

Режимот на прекин на огнот во Нагорно Карабах, кој е во сила од 10 ноември, се почитува и 1.207 бегалци се вратија во своите домови, изјави официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

„482 бегалци денес се вратија од територијата на Ерменија во Нагорно Карабах. Во периодот од 14 ноември, во Степанакерт се вратиле вкупно 1.207 лица кои го напуштиле градот поради борбите. Движењето на колоните бегалци беше обезбедено од руските мировници и воената полиција“, рече тој пред новинарите.

Конашенков исто така рече дека припадниците на руските мировни сили целосно го исчистија коридорот Лацин и 28 километри патот кон Степанакерт од мини, а од утрово во 10 часот сообраќајот се одвива по таа траса.

Договор за прекин на огнот беше постигнат на 9-ти ноември. Заедничката изјава беше потпишана од лидерите на Еремениа и Азербејџан и претседателот на Русија.

Оттогаш нема кршење на примирјето, а руските мировници се распоредени во Карабах.

Слични содржини