351
Министерството за здравство соопшти дека претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски е позитивен на коронавирусот.
Тој и неговата сопруга ќе останат дома во изолација, велат од МЗ.
Од таму информираат дека Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.