Каракачанов: Кабинетот на Петков ги предаде бугарските национални интереси во корист на С. Македонија

од Nikola Popovski
638 прегледи

Во ЕП почнува разгледувањето на извештајот за Македонија. Доколку бугарските политичари продолжат да „дремат“ на ист начин, не само што Скопје нема да биде принудено од Брисел да направи какви било промени во односите со Бугарија, туку ќе биде обвинета и Бугарија. Македонија има црна листа од 34 лица – бугарски европратеници, бугарски политичари, бугарски интелектуалци и историчари кои активно ја бранат историската вистина. Се потврди она што јас и моите колеги од ВМРО-БНД го кажувавме една година, дека тогашниот премиер Кирил Петков заедно со неговата советничка Весела Чернева ги предале бугарските национални интереси, изјавил поранешниот бугарски вицепремиер и министер Красимир Каракачанов во видео-обраќање.

Според неговите зборови, додека тие се „занесени во нашите внатрешно-политички глупости, скандали на ПП и ГЕРБ, пропуштаме една многу важна тема, а тоа е дека деновиве на иницијатива на европски пратеници од неколку различни пратенички групи во Европскиот парламент ќе почнат разгледување на извештајот за Македонија“.

-Во конкретниов случај се работи за тотално лобирање од страна на македонската влада, и колку што можеме да и се налутиме, толку можеме да и се восхитуваме. Затоа што за разлика од бугарските влади кои до сега владееја со Бугарија и кои не вложија време, средства или став на тема Македонија, гледаме дека Скопје многу дрско, многу брутално со лагите и манипулациите типични за политиката на Скопје. Има неколку преседани во изминатите три недели што треба да ги забележиме. Прво, фактот што македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи активно ги посетуваше различните институции во Брисел, посетуваше и имаше средби со различните групи европратеници, на кои искрено, без никаков двоумење, ја клеветеше Бугарија, навел Каракачанов.

Поранешниот министер кој во минатото упатуваше низа критики и навреди кон македонската држава, се надоврзал и на случајот со советничката на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков, за која бугарските медиуми пишуваат дека оддавала државни тајни на македонски државен службеник во однос на бугарските позиции во преговорите со Македонија за надминување на разликите.

-Дебатата вчера во парламентот го потврди она што јас и моите колеги од ВМРО-БНД го зборуваме една година, дека тогашниот премиер Кирил Петков заедно со неговата советничка Весела Чернева ги предале бугарските национални интереси. Изјавата на првиот човек на ДАНС ги потврдува нашите обвинувања од пред повеќе од една година дека кабинетот на бугарскиот премиер наместо да го брани бугарскиот интерес, доставил доверливи информации до земја која води непријателска и антибугарска политика, рекол Каракачанов, пренесува „БТА“.

Слични содржини