Каракачанов се противи: Македонското МВР со обвинувања за културна институција, јазикот на омразата не престанува

од Nikola Popovski
497 прегледи

Остра реакција од поранешниот бугарски вицепремиер и поранешен лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во врска со информацијата дека нашето МВР отвори предмет по допрен глас за раководството на „Мал битолски Монмартр“, кое во неколку наврати изминатиот период носеше деца во посета во Бугарија и на средба со бугарски политичари, меѓу кои и претседателот Румен Радев.

Целосно непочитување, дрскост и целосно нескриена омраза кон Бугарија и Бугарите. Сведоци сме на ова во пресрет на Илинден – денот кога избувна најмасовното востание на Бугарите во Македонија. Ден кога повторно немаше општа прослава за хероите, предците на христијанското население во сегашната РСМ, кои ги дадоа своите животи за ослободување на Бугарите и обединување на бугарскиот народ.

Наместо да ја поздрави културната размена, блиските врски и заедничките иницијативи, македонското Министерство за внатрешни работи се жали на објавите во „медиумите“ дека децата учесници на културната манифестација се фотографирани со бугарски политичари, порачал Каракачанов.

Како што истакнува, според договорот за пријателство и добрососедство меѓу Република Бугарија и Македонија од 1 август 2017 година, треба да се охрабрат заедничките прослави на „нашата заедничка историја“.

Наместо да го почитува договорот и да придонесува за заеднички вложувања, оваа фиктивна држава ги прогонува оние кои работат за културата и зближувањето на луѓето од двете страни на границата.

Очигледно Скопје не само што нема намера да го испочитува договорот, туку и го зголемува притисокот, прогонот на локалното население со бугарска самосвест и јазикот на омразата кон Бугарија го претвора во своја официјална државна политика.

Додека омразата кон се што е бугарско трае и понатаму во Скопје, оваа земја нема место во Европската унија.

Зарем РСМ не сакаше поддршка од Бугарија за нејзиното членство во ЕУ? Што не е во ред учесниците во културниот потфат да се сликаат со бугарски, европски претседател. Дали реакциите ќе беа исти доколку децата од „Малиот битолски Монмартр“ се сликаа со претседателот на Хрватска или Франција, на пример?, прашува контроверзниот политичар.

Слични содржини