Карамболи, провали, дилери, каснати од куче…

од Марта Пешевска
117 прегледи

 МВР – Билтен

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за криминалистичка полиција реализираше случај на недозволена трговија со кокаин и поднесе кривична пријава против Е.А.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 11.03.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А.(52) во село Глажња, општина Липково, каде живее и неговиот син Е.А.. При претресот, во собата на Е.А. биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155.550 денари и 100 евра. По преземени мерки било утврдено дека пријавениот ја набавил дрогата од Косово. Е.А. e лишеn од слобода и во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ш.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 29.01.2019 на локалниот пат за село Речица, кумановско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 12.03.2019 околу 01.25 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило „Шеврлолет круз“, управувано од В.Б.(47) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрво, а потоа и во паркирани патнички возила „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди. Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 11.03.2019 во 10.00 часот во Полициската станица Центар, П.Д.(76) од Скопјепријавил дека истиот ден околу 09.00 часот на улица „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 11.03.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Центар, Љ.И.(31) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот 15 – годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Во текот на вчерашниот ден (11.03.2018) на територијата на СВР Скопје од преземените мерки и активности констатирано е дека 41 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 36 возачи од кои: шест возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 28 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 25 возила бидејќи 20 биле нерегистрирани, четири возила поради техничка неисправност и едно возило поради претовар.

Санкционирани е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум поради некористење заштитен шлем при управување со моторцикли, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 132 мандатни платни налози и 87 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои седум со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со телесни повреди.