312
Синоќа на скопскиот аеродром слета авион со 180 граѓани на нашава земја.
Неколку часа претходно, на својот профил на Фејсбук за ова информираше Владата на Република Северна Македонија:
-Авион со 180 државјани на Република Северна Македонија се очекува да слетаат вечерва по полноќ од Бон. Осум автобуси се подготвени, со темелна дезинфекција, со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците. Согласно протоколите за државни карантини, граѓаните ќе се упатат во хотел Дрим во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација, се наведува во објавата.