Карантин за Прилеп, бара градоначалникот Јованоски

од Берта Китинска

Мора да има карантин во Прилеп за да се стави под контрола ситуацијата со ковид-19, изјави, во гостување на 24 Вести, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Тој посочува дека Прилеп е втор град според бројот на заболени по Скопје.

Јованоски пред неколку дена им се приклучи на колегите лекари во ковид-центарот во болницата во Прилеп.

„Последните девет дена има 26 починати,. Само вчера имаше шест починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето доаѓање на Инфективното одделение, упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време, да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе биде вака. Се спремаме за т.н. трет бран“, рече Јованоски.

Слични содржини