Македонскиот каратист Емил Павлов го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство кое се одржува во Дубаи.
Тој во финалето беше совладан од актуелниот олимписки шампион и најдобар каратист во оваа категорија, Французинот Стивен Да Коста, со 8:0.
Ова е историски резултат за македонското карате и освојување на само втор медал од светските собири, втор по тој на Жарко Арсовски кој беше бронзен.