Кардашијан платила за евакуација на фудбалерки од Авганистан

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Американската ѕвезда Ким Кардашијан од џеб платила за евакуација на авганистанските фудбалерки и нивните семејства во Британија. Речиси 30 девојки и нивните роднини (вкупно околу 130 луѓе) пристигнале во Лондон со лет на сметка на манекенката.

Тие бегаат од талибанскиот режим, кој не го признава женскиот спорт. Стотици спортистки ја напуштија земјата откако Талибанците ја презедоа власта. Талибанците го ограничуваат и правото на жените на образование. Активно учество во спасувачката операција зеде и раководството на Лидс.

„Кога добив повик со барање да го спасиме фудбалскиот тим на Авганистан, едноставно не знаев од каде да почнам. Горд сум што сум дел од клуб кој го овозможи ова. Да сонуваме дека овие девојки еден ден ќе играат за Лидс“, напиша на Твитер претседателот на бордот на директори од Јоркшир, Андреа Радизани.

Самата операција не била лесна. Групата првично пристигнала во Пакистан. Додека ги чекале британските визи им истекол рокот на пакистанските и затоа не можеле да ја напуштат земјата. Тогаш интервенирала хуманитарна организација и побарала од Кардашијан да го финансира летот. Нејзиниот одговор доаѓа за еден час и е позитивен.

Слични содржини