Кардашијан се собраа заедно за роденденот на Кортни

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Целото семејство Kardashian се собраа за роденденот на Кортни. Пред неколку дена, ѕвездата наполни 40, а нејзините сестри ја изненадија.

Ким Кардашијан беше првата што покажа неколку клипови од забавата што ја подготвија за неа. Еден од нив покажува како роденденската забава и гостите пристигнуваат во гламурозен амбиент, а околу нив се запалени посебни пиро-ефекти.

Шишиња, салфетки и слатки со ликот на роденденката, балони и различни шарени играчки, порачале сестрите Кардашијан за прославата.

Освен прекрасната декорација, Ким објавува и фотографии на тортата – када полна со пена, на работ на која е седната голата Кортни. Инаку самата таа сподели со своите фанови фотографии од својот втор роденден, кога родителите нејзини ѝ изнајмиле аниматор, облечен во костум од “Улицата Сезам”.

Во моментов, Кортни се опоравува по разделбата со нејзиниот поранешен сопруг. 

Во меѓувреме стана јасно дека Ким и останатите девојки земаат луди пари за некои производи кои се рекламираат на социјалните мрежи. Во интервју за CBS, нивната мајка Крис Џенер призна дека тие имаат милиони следбеници и понекогаш земаат има шест цифрена сума само за еден пост. Според неа, најдобро платената е сопругата на  Кание Вест.