Карди Б ја фрли периката во публиката

од Vladimir Zorba
180 прегледи

Раперката Kardi Bi уште еднаш ги разбранува фановите, овој пат со фрлање на перика во публиката за време на нејзиниот настап. 26-годишната пејачка беше толку возбудена што таа, без размислување, се раздели со “додаток” што ја чинеше илјадници долари.

Ова се случи за време на Фестивалот во Лондон, каде ѕвездата се појави на сцената. Во кулминацијата на еден од нејзините хитови таа ја симна сјајната црна “грива“ и ја фрли во публиката со продолжување да пее без да се грижи дека нејзината глава беше гола.

“Ми се допадна”, коментираше Карди по настапите, но малку подоцна изгледа веќе погледнала со носталгија кон својата перика и додаде во Instagram: “помина се… и си ја сакам периката назад. Моментот ме понесе. “

За жал тоа тешко дека ќе биде можно. Малку по настапот на Карди, нејзин фан прикачи на Twitter видео на кое се гледа како фановите кинат  прамени од периката во обид да се здобијат со парче од неа.