Карди Би и Офсет повторно заедно во 2019

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Карди Би и Офсет одлучија да ја остават целата драма зад себе и да дадат нова шанса за нивниот брак. Двојката ја обнови комуникацијата и нивните роднини се убедени дека наскоро ќе се смират и ќе бидат заедно како што некогаш биле.

Пријателите на ѕвездите изјавија за TMZ дека постојано се слушаат и се обидуваат да ги избалансираат разликите меѓу себе. И покрај тоа што беа одвоени за време на празниците, и Карди Б на почетокот на декември рече дека сè е завршено меѓу нив, ѕвездите не ја изгубиле страста еден за друг и моментално работат на бракот.

Офсет вети дека ќе биде покорен и верен бидејќи пејачката му простила многу. Карди се уште не ја ставила повторно бурмата, но не затоа што се чувствува неврзана, туку бидејќи се уште била емотивно претпазлива и сакала да почека, тврди медиумот.

Од опкружувањето на пејачите открија дека тие биле заедно во Порторико непосредно пред Божиќ и откриле дека доста си недостасуваат … барем сексуално. Парот се венча тајно во септември 2017 година, а на 10 јули нивната ќерка Калер се роди.