Кардинали се налутија поради отворање Мекдоналдс во Ватикан

од Vladimir Zorba
107 прегледи

 

Кардинали во Ватикан се налутија поради информацијата за отворање ресторан на Мекдоналдс кај плоштадот Свети Петар над кардиналската резиденција.vatikan

– Ова е, во најмала рака, контроверзна, перверзна одлука, изјави кардиналот Елио Сгреча во интервју за весникот „Република“.

Според него, отворањето на Мекдоналдс од десната страна на ватиканската базилика „ниту на еден начин не ја почитува традицијата на архитектурата на плоштадот Свети Петар“.

Тој му пишал дури и на папата Франциско, барајќи негова интервенција против ваквата одлука, која на Ватикан би му носела 30.000 евра месечно, но и бучава и мирис на сендвичи, пишува „Република“..

– Во текот на последните неколку години, идентитетот на ова подрачје е загубен, истакна Морено Проспери, шефот на Комитетот за заштита на историската област околу Ватикан поради, како што нагласил, „зголемениот број на дуќани за сувенири и улична продажба“.